Кристина Бошнакова ни препорачува: Израдувајте ги најблиските со превкусен колач од чоколадо и шумско овошје

„Ако сте љубител на шумско овошје и чоколадо, тогаш ви препорачувам да го пробате овој колач!“

Потребни состојки:

За бисквит:

  • 100 грама бисквити
  • 100 грама шеќер во прав
  • 100 грама растопен путер
  • Сок од половина портокал
  • 50 грама лешници

Чоколаден дел:

  • 150 грама млечно чоколадо
  • 3 лажици млечен крем

Овошен дел:

  • *150гр. замрзнато овошје
  • 1 лажица шеќер
  • една кесичка желатин
  • малку вода
  • една лажица џем од шумско плодови
  • 1 лажица ликер од малина

*овојпат јас употребив малини и јагоди

Подготовка:

1. Бисквитите измелете ги заедно со лешниците. Во сад соединете ги заедно со шеќерот, путерот и сокот и истурете ја смесата во тава обложена со хартија за печење. Оставете во замрзнувач околу 1 час.

2. Чоколадото растопете го на пареа и додадете го агрокремот. Соединете заедно и истурете врз заледениот бисквитен дел и вратете во фрижидер.

3. Овошјето ставете го во тенџере на оган и додајте го шеќерот. Оставете да се вари. Потоа со помош на алатка за пире соединете го овошјето. Тргнете го од оганот и додајте го џемот и ликерот. Оставете да се олади, а желатинот измешајте го со малку вода. Штом се олади смесата додајте го желатинот. Истурете врз чоколадниот фил и вратете во замрзнувач.

НА ЗДРАВЈЕ!


За повеќе вакви рецепти, заследете ја ОВАА ФЕЈСБУК ГРУПА и ОВОЈ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот