Кремљ збунет од германската теорија за труењето на Навални

Кремљ е збунет од германската теорија дека лидерот на руската опозиција Алексеј Навални е отруен, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Тој рече дека Кремљ ги отфрла обвинувањата за вмешаност на руските власти во труењето, како и дека лекарите во Русија се подготвени да разменуваат податоци за состојбата на Навални со нивните германски колеги.

Според него, руските и германските специјалисти имаат идентични медицински податоци за случајот, но дека нивните заклучоци се различни, објави Тасс.

Германската Влада смета дека е многу веројатно Навални да е отруен

– Ние не разбираме зошто нашите колеги во Германија брзаат да го користат зборот труење, рече портпаролот на Кремљ, додавајќи дека таквата теорија била меѓу првите што ја разгледувале руските лекари, но дека „супстанцата се уште не е идентификувана”.

Близок соработник на Навални: Во неговото тело има супстанца опасна за околината

Песков, исто така, рече дека руските лекари се подготвени да разменуваат информации со нивните германски колеги за резултатите од тестирањата и биолошкиот материјал во врска со здравствената состојба на Навални.

Мураковски: Навални не е отруен, има метаболичко нарушување

Тој истакна дека не се точни обвинувањата за вмешаност на руските власти во труењето на Алексеј Навални и дека Кремљ нема намера тоа да ги сфаќа сериозно.

НЕПРИЈАТЕЛОТ НА ПУТИН ПЛАЧЕ ОД БОЛКИ: Вознемирувачки снимки од авиониот со кој патуваше Навални (ФОТО+ВИДЕО)

За сите последни вести поврзани со состојбата на Алексиј Навални, кликнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот