Близок соработник на Навални: Во неговото тело има супстанца опасна за околината

Алексиј Навални / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Жданов прецизираше дека не знае за која тип супстанца се работи. Сообраќајната полиција и лекарите засега не ги коментирале ваквите наводи.

Близок соработник на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, тврди дека во неговото тело е  пронајдена супстанца што е опасна за околината.

Состојбата на Навални се подобрува, но и понатаму е нестабилна и не е дозволено тој да се преместува.

Ова го изјавил Александар Мураковски, главниот лекар од болницата во Омск, каде што е хоспитализиран Навални.

– Ноќта мина добро. Неговата состојба се подобрува – изјави Мураковски.

Тој додаде дека во петокот лекарите одржале голем конзилиум, на кој учествувале експерти од центарот „Бурденко“ и центарот „Пирогов“.

– Во секој случај, неговата состојба и понатаму е нестабилна. Кога станува збор за транспорт на пациенти, мислам дека за тоа е рано да се зборува. Поточно не мислам јас, туку за тоа одлучува конзилиумот. Неопходно е здравствената состојба на пациентот целосно да се стабилизира. Само во тој случај, можеме да говориме за тоа дали може да се префрли таму каде што сака неговото семејство – изјавил Мураковски.

Тој додал дека лекарите разгледуваат пет различни дијагнози, но дека тој не може засега да открие за што се работи.

„Сите се бориме за животот на нашиот пациент“, истакнал лекарот.

Докторите во Омск не дозволуваат Навални да биде префрлен во болница со подобри услови

Директорот на Фондот за борба против корупција, каде Навални е основач, Иван Жданов, изјавил дека според зборовите на претставникот на сообраќајната полиција, во организмот на Навални била откриена опасна супстанца, која не претставува опасност само за него, туку и за неговата околина.

Според неговите зборови, на прашањето да објасни за каков вид супстанца станува збор, претставникот на полицијата изјавил дека тоа е тајна истрага и дека не може да открие, но сигурни се дека станува збор за смртоносно опасна супстанца, поради која сите околу пациентот мораат да носат заштитни одела.

Жданов прецизираше дека не знае за која тип супстанца се работи. Сообраќајната полиција и лекарите засега не ги коментирале ваквите наводи.

Вчера портпаролката на Алексиј Навални, Кира Јармиш сподели дека докторите првично потврдиле дека тој е отруен, за подоцна да „молчат“ бидејќи, како што вели таа се под закани и не даваат каква било нова информација или дијагноза.

Јармиш исто така сподели фотографија на која се гледа зголемено присуство на полиција во одделот за интензивна нега, тврдејќи дека тоа се само неколку од нив, односно дека имало уште повеќе полицајци наоколу.

Авионот со кој се очекува да биде транспортиран Навални во Германија слета во Омск / Русија, 21 август 2020 / Фото: EPA-EFE/ALEXEI GOLYSHEV/SPOTTINGOMSK / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Германски „Билд“ пишува дека од Германија полетал специјален медицински авион, кој ќе го транспортира Навални од Омск во Берлин за понатамошно лекување.

Како што е наведено, авионот ноќеста полетал од аеродромот во Нинберг и веќе слетал во Омск.

Навални ќе се лекува во Германија, состојбата му е стабилна, но тешка

За потсетување, на Навални на 20 август му се слошило на летот од Томск во Москва. Авионот веднаш слетал во Омск, а патниците споделија вознемирувачки снимки од лелеците и болките кои тој ги чувствувал. Опизициниот лидер е префрлен во болница, каде што паднал во кома.

НЕПРИЈАТЕЛОТ НА ПУТИН ПЛАЧЕ ОД БОЛКИ: Вознемирувачки снимки од авиониот со кој патуваше Навални (ФОТО+ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот