Мураковски: Навални не е отруен, има метаболичко нарушување

Фото: МИА

Ненадејната болест на најжестокиот руски критичар на Кремљ, Алексеј Навални (44), е резултат на метаболичко нарушување, тврди Александар Мураковски, началник на клиниката во Омск во која е хоспитализиран Навални.

Тој додаде дека на облеката и прстите на Навални биле пронајдени траги од индустриска хемикалија.

Претходно оттаму изјавија дека во неговото тело не биле пронајдени траги од труење.

Лекарите тврдат дека во телото на Навални не се пронајдени траги од труење

Заменик-главниот лекар на болницата, Анатолиј Каљникенко, исто така, тврди дека отров не бил пронајден во телото на Навални за време на тестирањето и дека лекарите веруваат дека тој не е отруен.

– Не се пронајдени траги на отров во неговиот организам – рече тој, додавајќи дека лекарите нема со медиумите да ја споделат неговата дијагнозата, кога ќе ја утврдат, туку за неа ќе ги информираат неговата сопруга и братот.

Во меѓувреме, со став излезе и руското Министерство за здравство.

„Ја добивме првата работна дијагноза. Станува збор за метаболичко нарушување на рамнотежата на јаглени хидрати што може да се јави поради ненадеен пад на нивото на шеќер во крвта”, се наведува во соопштението на руското Министерство за здравство.

Претходно денес, близок соработник на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, изјави дека во телото на рускиот опозиционер е пронајдена супстанца што е опасна за околината.

Директорот на Фондот за борба против корупција, каде Навални е основач, Иван Жданов, изјавил дека според зборовите на претставник на сообраќајната полиција, во организмот на Навални била откриена опасна супстанца, која не претставува опасност само за него, туку и за неговата околина.

Според неговите зборови, на прашањето да објасни за каков вид супстанца станува збор, претставникот на полицијата изјавил дека тоа е тајна истрага и дека не може да открие, но сигурни се дека станува збор за смртоносно опасна супстанца, поради која сите околу пациентот мораат да носат заштитни одела.

Близок соработник на Навални: Во неговото тело има супстанца опасна за околината

Вчера портпаролката на Алексиј Навални, Кира Јармиш сподели дека докторите првично потврдиле дека тој е отруен, за подоцна да „молчат“ бидејќи, како што вели таа, неколку часа откако го примиле во болницата, тие се под закани да не ја откријат вистината.

Јармиш исто така сподели фотографија на која се гледаше зголемено присуство на полиција во одделот за интензивна нега, тврдејќи дека тоа биле само неколку од нив, односно дека имало уште повеќе полицајци наоколу.

НЕПРИЈАТЕЛОТ НА ПУТИН ПЛАЧЕ ОД БОЛКИ: Вознемирувачки снимки од авиониот со кој патуваше Навални (ФОТО+ВИДЕО)

Началникот на клиниката во Омск денеска исто така изјави дека Навални се уште е во кома и дека е поврзан на респиратор, како и дека транспортот на пациентот не е можен дури и доколку семејството Навални ја преземе одговорноста за тоа, бидејќи неговата здравствена состојба е нестабилна.

Докторите во Омск не дозволуваат Навални да биде префрлен во болница со подобри услови

Шефот на германска невладина организација соопшти дека берлинската болница „Charite” е подготвена да го лекува Навални. Оттаму испратија спасувачки авион од баварскиот град Нирнберг во 3.11 часот, јави германскиот дневен весник „Билд”.

– Авионот, што се очекува да го доведе Навални од рускиот град Омск до Берлин, полета со медицинска екипа, изјави филмскиот продуцент Јака Бизил за ДПА, додавајќи дека успеале да ги добијат сите потребни одобренија за трансферот.

Медицинскиот авион од Нинберг слета во Омск / 21 авгут 2020, Омск, Русија / Фото: EPA-EFE/ALEXEI GOLYSHEV/SPOTTINGOMSK / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY

„Се очекува Навални денеска да пристигне во Германија на лекување во болницата „Charite” во Берлин. Трошоците за летот и за лекувањето ќе бидат платени од приватни извори”, додаде Бизил.

Германската канцлерка Ангела Меркел побара од Русија брзо разјаснување на околностите под кои се случило претпоставнеото труење.

Навални ќе се лекува во Германија, состојбата му е стабилна, но тешка

Алексиј Навални вчера падна во бессознание на летот од Томск за Москва, пред кој се имал напиено само чај. Патниците од летот сведочат дека буквално ползел во авионот и споделија вознемирувачки снимки од лелеците на Навални.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот