Кралот на една од најсиромашните земји во светот ги „честеше“ сопругите со по еден „Ролс Ројс“

Фото: EPA-EFE/DAVID CHANG

Кралот на Есватини (Свазиленд) одлучи за себе и за своите 15 сопруги да купи нови луксузни автомобили од марката „Ролс Ројс“, а на поширокото семејство и најбиските одлучи да им купи возила од марката БМВ.

Станува збор за кралот Мсвати Трети, владетел на една од најсиромашните земји на светот. Според информациите, во оваа држава дури 63 отсто од жителите се сиромашни, а повеќе од половина од нив се заразени од ХИВ. Единствена работа која во последните години се променила во земјата е името на државата, кое со одлука на кралот од Свазиленд е променето во Кралство Есватини.

Критиките на сметка на Мсвати доаѓаат поради обновата на возниот парк, во кој веќе има 15 луксузни возила Ролс Ројс. Дополнителните 19 возила доаѓаат заедно со 120 автомобили од марката БМВ, кои се доставени веќе минатиот четврток.

Светските медиуми потсетуваат дека станува збор за еден од најбогатите монарси со светот, со имот во вредност над 200 милиони американски долари. Како пример, тој минатата година си „купи“ млазен авион во вредност 13,2 милиони долаи, а во својот возен парк има дваесетина „мерцедеси“, над 20 „Ролс Ројса“ и стотици различни модели на „БМВ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот