Крај за Медведев, Ѓоковиќ полуфиналист на Олимписките игри во Токио

Најдобриот тенисер на светот обезбеди пласман во следната рунда на Летните олимписки игри во Токио после 70 минути игра.

Првиот светски рекет се пласираше во полуфиналето на олимпискиот тениски турнир откако рутински го совлада домашниот тенисер Кеи Нишикори со 2:0 во сетови 6:2, 6:0.

Србинот славеше во четвртфиналето по само 70 минути игра и сега го делат уште само две победи до златото.

Во првиот сет Ѓоковиќ му препушти само два гема на противникот од Јапонија. Во вториот сет Ноле одигра без грешка, а со три добиени брејка и три безбедни сервис гемови ја заврши задачата со 6:0.

Најдобриот играч ќе игра во полуфиналето против победникот од пресметката помеѓу Александар Зверев и Жереми Шарди.

Веќе е позната првата полуфинална двојка, Русинот Хачанов кој со 7:6 (4), 4:6 и 6:3 го совлада Умбер од Франција, за финале ќе игра против Шпанецот Карењо-Буста кој со 2:0 го елиминираше Медведев од Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот