Крај за македонските екипи во Европа: Шкендија елиминирана без да постигне гол, Шкупи немоќен во Португалија

фото: ФК Шкендија

Македонските екипи го завршија настапот на фудбалска Европа уште на самиот старт.
По елиминацијата на Силекс и Струга ТЛ во првото квалификациско коло за пласман во Конференциската лига, денеска настапот во Европа го завршија Шкупи и најголемото разочарување, екипата на Шкендија.

Македонскиот шампион Шкендија, настапот во квалификациите го заврши без да постигне ниту еден гол.
По елиминацијата од Мура во квалификациите за ЛШ со два порази 0:1 и 0:5, тетовци во второто коло се „префрлија“ во квалификациите за пласман во новоформираната Конференциска лига но и тука доживеаја два порази и тоа од естонска Рига. Шкендија и во реваншот кој се играше на Нациоаналната Арена „Тодор Проески“ загуби со 0:1 и со вкупни 0:3 ги заврши настапот во Европа. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Микаел Соисало во 52 минута.
Елиминацијата од европските без постигнат гол, најверојатно ќе значи отказ за тренерот Ернест Ѓока.

Екипата на Шкупи која единствена помина едно квалификациско коло, беше немоќна против поквалитетната португалска екипа Санта Клара. По поразот во Скопје од 0:3, вечерва Шкупи загуби со 0:2, а португалскиот тим работата ја заврши уште во првото полувреме со головите на Карваљо и Вилануева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот