Роб и Патрисија Шнајдер / Фото: Profimedia

Крај на уште една холивудска љубов: Роб Шнајдер по 15 години брак се разведува од сопругата Патрисија

Сопругата на актерот Роб Шнајдер, Патрисија, на 8 декември 2025 година поднела барање за развод во Аризона, каде што парот живее, наведувајќи како причина „непоправливо нарушен брак“, пишува „Пипл“.

Според судските документи, 37-годишната Патрисија го поднела барањето на семејниот суд во округот Марикопа. Актерот и поранешен член на тимот на шоуто „Saturday Night Live“ добил известување за барањето неколку дена подоцна, на 12 декември. Судот им наложил на поранешните сопружници да посетуваат курс за родители.

На 21 јануари судот издал налог според кој деталите од договорот за развод – вклучувајќи алиментација, старателство над децата и издршка – се поднесуваат како доверлив документ. Во документот до кој дојде „ТМЗ“, Патрисија наведува дека „бракот повеќе не може да се спаси“ и дека „не постои надеж за помирување“. Парот има две ќерки, 13-годишната Миранда и 8-годишната Маделин.

Веста за разводот прв ја објави шпанскиот медиум ТВ и новелас, а претставниците на Роб ја потврдија информацијата за „Пејџ сикс“ ден подоцна. Патрисија засега не коментира.

Актерот, познат по улогата во филмот „Машки жиголо“, и телевизиската продуцентка се запознале во 2007 година на снимање на шоуто во кое Патрисија работела. Тие се венчале во април 2011 година во Лос Анџелес. Тогаш Шнајдер изјавил за „Los Angeles Daily News“ дека тоа бил „најсреќниот ден во неговиот живот“.

За десетгодишнината од бракот, Патриција објавила заедничка фотографија на Инстаграм (која подоцна ја избришала) со порака:

„Десет години и продолжуваме! Никој не е посмешен од тебе, маженце. Благодарам за нашите прекрасни бебиња. Те сакам засекогаш.“

Покрај двете ќерки со Патриција, 62-годишниот Шнајдер е татко и на 36-годишната пејачка Ела Кинг, која ја добил во бракот со Лондон Кинг (1988–1990).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот