Крај на една ера: Браќата Гасол завршија со настапите за Шпанија

EPA-EFE/Alejandro Garcia

Браќата Пау и Марк Гасол официјално завршија со настапите за кошаркарската репрезентација на Шпанија. Светскиот шампион Шпанија во четвртфиналето на кошаркарскиот турнир на Игрите во Токио е поразен од селекцијата на САД, а воедно ова беше последен натпревар во репрезентативниот дрес за легендарните кошаркари на „фуријата“.
– Чувстувам неверојатна среќа и радост поради се што направив со ово тим – изјави меѓу другото Пау Гасол во разговор за КОПЕ.

EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Пау за шпанската репрезентација дебитираше во 2001 година и оттогаш беше неизоставен но и клучен дел на сите успеси на „фуријата“ како што се три златни медали на Европските првенства, злато на Светското првенство, две сребра на Олимписките игри.
Центарот минатата сезона ја заврши во Барселона, и засега нема најави дали 41-годишниот Пау ќе игра во наредната сезона или ќе се пензионира.

Марк Гасол е пет години помлад и член на шпанската репрезентација стана 2006 година. Исто како и Пау, и Марк Гасол имаше имаше огромен удел во успесите на репрезентацијата. Тој минатата сезона играше за Лос Анџелес лејкерс за кого ќе настапува и наредната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот