Крај и во Бундеслигата, Кил прогласен за шампион

фото: твитер

РФМ веќе даде предлог, претходно одлучија федерациите на Унгарија и Франција, а сега и во Германија предвреме завршува натпреварувачката сезона 2019/2020.

Челниците на еден од најсилните ракометни шампионати во светот денеска официјално соопштија дека сезоната 2019/2020 е завршена.

Поради пандемијата на коронавирус донесена е одлука екипата на Кил да биде прогласена за шампион во Бундеслигата. До прекинот на сезоната во најсилната германска ракометна лига, Кил водеше со 44 бодови, два повеќе од второпласираниот Фленсбург.

Втор патник во Лигата на шампионите ќе биде составот на Фленсбург, додека во новоформираната лига (досегашниот ЕХФ куп) учесници се Магдебург, Рајн Некар Левен и Хановер. Од елитниот ранг нема да испадне ниту една екипа. Од следната сезона македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски ќе игра за екипата на Хановер.

Кобург како шампион во втората германска лига, заедно со Есен од натпреварувачката 2020/2021 ќе играат во елитата.

Истиот потег се случи и во Франција, титулата ја освои ПСЖ на нашиот поранешен селектор Раул Гонзалез, додека во Унгарија не беа прогласени победници.

Сега останува да се види што ќе одлучат од Ракометната федерација на Македонија која пред пет дена даде предлог за предвремено завршување на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот