Не постојат реални услови, РФМ со предлог за крај на ракометната сезона!

РК Вардар 1961, двократен европски шампион/Фото: РК Вардар

За сезоната 2019/2020 година ќе биде доставен предлог до УО на РФМ да нема прогласување на победник во националниот систем на натпревари во сите конкуренции и категории.

Во рамки на превентивните мерки и донесените Уредби од страна на Владата, ракометните натпревари во сите категории во домашното првенство се во мирување поради пандемијата на коронавирусот.

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) е во секојдневна комуникација со надлежните институции со единствена цел за навремено информирање и спроведување на мерките за превенција од Covid-19 .

Земајќи ја во предвид прогласената вонредна состојба во државата како и продолжувањето на истата заклучно со 15.05.2020 година, дополнително и самиот факт дека поголемиот број договори на ракометарите/ките со клубовите имаат валидност заклучно до 31.05.2020 година како и насоките од Европската Ракометна Федерација за завршување на националниот систем на натпревари до 31.05.2020 година, се наметнува заклучокот дека моменталната состојба не дозволува и не постојат реални услови за регуларно завршување на домашното првенството.

За сезоната 2019/2020 година ќе биде доставен предлог до УО на РФМ да нема прогласување на победник во националниот систем на натпревари во сите конкуренции и категории, истиот предлог ќе биде доставен и за Куп на Македонија 2020 година.

Местата во Европските клупски натпреварувања во ЕХФ и местата во регионалната Сеха Лига ќе бидат распределени согласно критериуми од страна на УО на РФМсе вели во соопштението на РФМ.

Претходно Унгарската ракометна федерација донесе официјална одлука за предвремено завршување на сезоната, додека во Франција екипата на ПСЖ е прогласена за шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот