Ковачевски зема плата 88.260 денари, Спасовски ја има најголемата министерска плата

ковачевски спасовски
Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски / Колаж: Слободен печат / Фото: ЕПА, Слободен печат

Kоефициентот на бодот за износот на месечните плати на премиерот и на министрите е идентичен со оној на претходниот состав на Владата.

Владата ги објави платите на министрите на старо-новиот состав на Владата, на чело со премиерот Димитар Ковачевски.

Платата на Ковачевски, заедно со минат труд е 88.260 денари, а најголема плата меѓу министрите, има министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски – 86.324 денари.

– Kоефициентот на бодот за износот на месечните плати на премиерот и на министрите е идентичен со оној на претходниот состав на Владата. Инаку, премиерот, министрите и заменик-министрите ги избира и ги разрешува Собранието на Република Северна Македонија. Во постапката за избор се определува и коефициентот за пресметка на месечната плата – изјавија од Владата за „Слободен печат“.

Така, основната плата и на премиерот Ковачевски, како и на неговиот претходник Заев е 78.896 денари. Ковачевски за минат труд добива 9,364 денари, а Заев имаше помал износ за минат труд и малку помала плата – 87.913 денари.

На сите министри основната плата им е 65.026 денари, а варијациите се поради ставката минат труд и може да се видат на сајтот на Владата ((https://vlada.mk/plati).

Единствено на министерот за внатрешни работи му се утврдува зголемување за 20 проценти на платата утврдена за извршување на функцијат а, затоа министерот Спасовски има најголема плата.

Инаку, како што веќе објави „Слободен печат“, нето-платата на претседателот на државата Стево Пендаровски, заедно со минат труд е 92.941 денар.

ИНФОГРАФИК: Претседателот Пендаровски зема плата од 92.941 денар, колкави плати земаат неговите колеги од регионот?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот