ИНФОГРАФИК: Претседателот Пендаровски зема плата од 92.941 денар, колкави плати земаат неговите колеги од регионот?
Месечната нето-плата, заедно со минат труд, на претседателот на државата Стево Пендаровски е 92.941 денари, изјавија за „Слободен печат“ од Кабинетот на претседателот.
Препорачано
Порталот за плати и работни места ширум светот https://www.zippia.com/ редовно ги објавува и заработките на претседателите на државите. Последната објава е направена на крајот од минатата година и се однесува на годишната заработка на претседателите во 2020 година. Оттаму се повикуваат на податоците на Меѓународниот монетарен фонд и Светската книга за факти на ЦИА.

До 2022 година можни се поместувања на годишните заработки на претседателите во нагорна линија. Според податоците од кабинетот на Пендаровски, неговата годишна заработка сега е 19.117 долари. Платата на Александар Вучиќ е зголемена од први јануари годинава и според медиумите таа сега е месечно 168.000 динари. По таа математика, годишната заработка на Вучиќ, сега е околу 18.130 долари. И со тие зголемувања на платите, дури и да не се зголемиле на другите претседатели (што веројатно не е така), платата на српскиот претседател е најниска, а по неговата е платата на претседателот на Македонија.


