Ковачевски и Ковачки директно се обвинуваа кој е воен дезертер, а кој дезертерски кодош

Премиерот Ковачевски во собранието одговара на пратенички прашања/Фото: МИА

Пратеникот Драган Ковачки од собраниската говорница повторно го повика премиерот Димитар Ковачевски да приложи документ пред надлежните органи со кој потврдува дека е трајно неспособен или пак само лажирал за да избегне служење воен рок.

-Во моментот е тешко време, Македонија ја води во бездна човек кој е нелегитимен, трајно неспособен и анти – Македонец. Човек кој ќе направи СЕ, вклучувајќи и ад хоминем, за да го прикрие тоа од што денеска се срами. Или можеби не се срами, можеби е опериран од срам и мисли дека така требало. Еве го моето прашање до Димитар Ковачевски – дезертер од 2001 на кого на тацна му ја оставија државата за да тој денеска си игра премиер: Дали приложивте документ пред надлежните органи со кој потврдувате дека сте трајно неспособен затоа што СТЕ трајно неспособен, или лажиравте и со сила се правевте трајно неспособен за да избегнете служење воен рок односно да ја браните државата”, запраша Ковачки.

Следуваше одговорот од премиерот Ковачевски која објасни зошто не служел во војска.

Во 2000-та година, согласно сите законски процедури базирани на законот за одбрана од 1992 година, член 51 и во рамки на јавна повеќестепена процедура врз основа на мислење на стручни лица од медицината, а заради мој здравствен абдоминален проблем со кој се уште се соочувам се регистрираше моја неможност за служење на воена обврска, одговри  премиерот Димитар Ковачевски и додаде.

– Не јас самиот, не моето семејство, туку непознати за мене лица во регрутните комисии констатирале таков факт. И тоа во 2000 година пред да се случи воениот конфликт и криза во 2001-та. Не сум ни првиот ни последниот случај базиран на објективна медицинска состојба. Јасно, гласно и целосно ја соопштував и ја соопштувам вистината, рече Ковачевски.

Премиерот во продолжение му се обрати на пратеникот Ковачки со низа обвинувања:

„Но сега за една друга работа за ова поранешно воено лице од АРМ, Драган Ковачки, кој одлучи да ја напушти војската да ја замени униформата и да облече сако, за да оди кај криминалната банда, осудени криминалци во белата палата на ДПМНЕ. Ковачки кодошел, крадел документи од АРМ, издавал информации и тргувал со нив со странски структури. Тој е дезертерски кодош, човек кој плука и по мртви и по живи”, одговори на пратеничко прашање повиканиот премиер.

На прашање од Ковачки дали ќе се поништи огласот за професионални војници, министерката за одбрана Славјанка Петровска одговори оти нема потреба да има поништување, зашто во изминатиот перид во Армијата се покажало дека важат само професионалните стандарди.

– Огласот кој е објавен и заврши веќе за пријавување, ќе се спроведе согласно правилата и процедурите во Министерството, а пред се во Армијата, рече Петровска.

Операцијата подмолна, чинот го деградира војникот Ковачки

Полковникот Ковачки објави документ за Ковачевски од евиденцијата на АРМ, го нашол на социјалните мрежи

СДСМ во контранапад: Дали Ковачки оддавал и воени тајни и бил шпион против државата?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот