ВИДЕО | Ковачевски го објави новиот раководен тим: СДСМ почнува ново поглавје во својата историја

Фото: Фејсбук/принтскрин

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва на прес конференција по седницата на Централниот одбор на партијата, ги објави новоименуваните потпретседатели: Перо Костадинов, Стефан Богоев, Фатмир Битиќи и Бисера Костадиновска Стојчевска.

Тој посочи дека, како што се најавуваше, за генерален секретар на партијата е именуван Миле Зечевиќ.

Ковачевски најави дека новата влада ќе биде составена најдоцна до 18 јануари и дека таа ќе биде ориентирана на економијата, заштитата на здравјето, како и финансиската поддршка.

Фото: СДСМ

„Ќе ја реформира и реорганизираме партијата“, најави новоизбраниот лидер на СДСМ, кој вечерва доби доверба од највисоките партиски тела да биде мандатар на новата влада.

Тој рече дека ќе се формира советодавно тело, наречено Совет за креирање и имплементирање политики, за да ги надгледува проектите на партијата , а со него ќе раководи Игор Ивановски.

„СДСМ за разлика од ВМРО-ДПМНЕ е одговорна и државотворна партија и така ќе продолжи да работи. СДСМ почнува ново поглавје во својата историја, заклучи лидерот на Социјалдемократскиот сојуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот