СДСМ му даде доверба на Димитар Ковачевски, тој ќе биде мандатар на новата влада

Димитар Ковачевски, лидер на СДСМ/Фото: СДСМ

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, објави на Фејсбук дека на вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ ја добил довербата да биде мандатар на новата влада.

-За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на идната Влада! Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работа за да ја оправдам довербата. Продолжуваме со седницата на ЦО за избор на ново раководство, како и нови членови на Централен и Извршен одбор на СДСМ. СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и модернизира. Партијата е отворена за вклучување на нови луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократските вредности, напиша Ковачевски вечерва на Фејсбук.

Фото: СДСМ
Фото: СДСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот