unsplash
Фото: ЕПА

Ковачевски: Данокот на доход во ИТ индустријата скалесто ќе биде намален на 0%

Ние ветивме дека стапката на данокот на доход во ИТ индустријата ќе дојде на нула отсто. Тоа е дејност која го зголемува брутодомашниот производ, вработува високобразовани кадри и има големо влијание врз БДП. Тој скалесто ќе биде намален на нула отсто, за таа дејност да продолжи да се развива, кажа заменик министерот Димитар Ковачевски во емисијата „Економски магазин“ на Алсат М.

Ковачевски додаде дека Владата ќе прави корекции на одредени даноци, кои што се ветени и ставени во програмата.

– Пред 1 јануари 2023 година нема да се сменат даночните стапки, односно данокот на личен доход, и кога ќе се направи решението за од 1 јануари 2023 година, тоа ќе биде со одложено важење, за стопанските комори и компаниите да го прилагодат своето работење во шест месечен период, кажа Ковачевски.

Тој додаде дека стапката на ДДВ исто така ќе остане на 18%, како и дека нема да има промена на останатите повластени стапки.

Заменик министерот за финансии кажа дека веќе има намалување на ДДВ кај занаетчиите и во угостителските услуги со цел намалување на сивата економија.

Ковачевски: Приходите во 2021 ги надминаа тие од 2020, дури и проектираните со планот за Буџетот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот