Костов „бронзен“ на Светското првенство во Чиле

фото/фејсбук

Македонскиот каратист Бојан Костов освои бронза на Светското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржува во Сантјаго, Чиле.

Нашиот преставник стигна до полуфиналето во категоријата до 52 килограми и загуби на надгласување при резултат 0:0 против Јорданецот Ал Нахар Саед, а понатаму во репасаж се избори за бронзен медал.

Во клучната борба македонската каратист Костов беше подобар од рускиот натпреварувач Ахмед Ахмедов.

Нашата земја на СП во Чиле ја претставуваат уте Фаик Весели, Доан Османи, Вероника Костовска, Ангела Мојсовска, Александар Неделковски и Владанка Аврамова.

Тренери селектори им се Александар Кузмановски и Арлинд Хусеини во кумите, а за кати тренер селектор е Ивана Аврамова. Вкупно 96 земји учествуваат на ова СП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот