Костески: Знаев дека ќе биде тешко против Турција!

Фото: РФМ

Сениорската машка репрезентација на Македонија ја совлада репрезентацијата на Турција со резултат 25:26 и е на првото место во групата во квалификациите за ЕП 2020.

Овој меч се одигра во Ескишехир, а токму за Селка Ескишехир настапуваше своевремено нашето десно крило и повремен репрезентативец, Никола Костески кој беше дел и од Борец и Металург.

– Знаев дека ќе биде тешко против селекцијата на Турција, бидејќи луѓето во Ескишехир го сакаат ракометот – ни изјави Костески.

facebook.com/Nikola Kosteski

Со Татран Прешов ја освои титулата во словачкиот шампионат. Фановите го избраа и за најдобар играч на сезоната.

– Во Татран Прешов имав убави моменти, бев добро прифатен, од сите го дадов максимумот и на крај го освоивме првото место. Но, јас нема да продолжам во Татран Прешов, не успеавме да се договориме и моментно сум слободен играч – додаде Костески во краткиот разговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот