Коронавирусот и го одзема тронот на кралицата Елизабета? Поради пандемијата таа се повлече од јавноста, многумина се сомневаат дека воопшто ќе се врати!

профимедиа

Британската кралица Елизабета Втора веќе со месеци не ги врши своите јавни должности поради епидемијата на коронавирусот и според многумина ова можеби е крај на нејзиното владеење со Обединетото Кралство.

Како што пренесува британски “The Sun”, 94-годишната кралица Елизабета Втора во својата резиденција во замокот Виндзор ќе остане до крајот на епидемијата, а многумина се загрижени дека таа никогаш повеќе нема целосно да им се врати на своите кралски должности.

Ситуацијата со коронавирусот го натера кралското семејство да се повлече од јавноста, посебно откако со Ковид-19 се зарази принцот Чарлс. Додека владата се обидува да ја ублажи ситуацијата, стана извесно дека кралицата повеќе нема да се појавува во јавноста. Доколку тоа биде навистина неопходно, ќе се јави преку видео.

Со оглед на годините на кралицата Елизабета Втора, како и годините не нејзиниот сопруг Филип, чија здравствена состојба не е баш најдобра, британските медиуми нагаѓаат дека тие ќе бидат во изолација подолго време.

Поради големиот ризик, кралицата веројатно нема да извршува поголем дел од нејзините кралски должности, бидејќи ризикот е преголем.

„Ова е многу тажно, но едноставно јас не гледам начин како кралицата би се вратила на нормалниот начин на живот и вршењето на кралските должности“, изјави авторот на бројни кралски биографии, Ендру Мортон за “The Sun”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот