Коронавирус во редовите на Херта, одложени три натпревари во Бундеслигата

Фото: EPA-EFE/Boris Streubel/POOL

Информациите велат дека комплетниот тим од Берлин во наредните 14 дена ќе биде во карантин..Во период кога фудбалерите на Херта го подигнаа нивото на играта, континуирано освојувајќи бодови и отворајќи го патот кон опстанок во Бундеслигата, моментно се соочува со проблеми.

А причината е коронавирусот кој ја зафати соблекувалната на Херта, пет члена на првиот тим добија позитивни тестови, а берлинскиот тим стравува дека ќе се појават нови случаи во наредните денови.

Директорот на Херта, Андре Фридрих, во петокот потврди дека норвешкиот голман Рун Јарстеин има симптоми по враќањето од репрезентативната пауза, но првиот ПЦР покажа дека е негативен.

Состојбата на Норвежанецот се влоши, тој беше изолиран и помина извесно време во болница. Во меѓувреме, Јарстаин беше пуштен на домашно лекување, заздравувањето му оди добро, а вчера тренерот Пал Дардаи, неговиот помошник Адмир Хамзагиќ, напаѓачот Доди Лукебакио и Марвин Платенхарт добија позитивни тестови на ковид-19.

Клубот немаше друг избор освен да го стави во карантин целиот тим. Фудбалерите и стручниот штаб на Херта ќе поминат две недели во изолација, а првите луѓе на германскиот фудбал ги одложија следните три натпревари на Херта во Бундеслигата (Мајнц, Фрајбург, Шалке). Новите датуми на натпреварите ќе бидат објавени следната недела, а веќе е јасно дека Херта ја очекува густ распоред во завршницата од Бундеслигата во битката за опстанок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот