Корона вирусот целосно ги блокира испораките од странство

Македонска пошта продолжува да ги спроведува своите тековни активности на ниво на зголемена безбедност и заштита од корона вирусот.

Кризата со пандемијата од КОВИД – 19 навлезе во секоја пора од секојдневното живеење. Покрај огромното штетно влијание врз домашната економија таа го блокира и функционирањето на останатите сектори.

Од „Македонска пошта“ велат дека од појавувањето на корона вирусот во Кина па до сега има драстичен пад во испораките на нарачките во странство, а во моментов, велат од таму, може да се каже дека тие се целосно блокирани особено оние што се прават преку интернационалните веб страници.

За граѓаните велат ги почитуваат препораките со тоа што ги намалиле ваквите нарачки, а особено последниве неколку дена нивниот обем уште повеќе е намален, велат од пошти.

Институцијата продолжува да ги спроведуваат своите дејности, притоа почитувајќи ги мерките за претпазливост и за заштита од ширење на корона вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот