Знакот за „спасување на живот“ секогаш да се проверува на задната страна од кремот за сончање

Фото: Pexels/ Armin Rimoldi

Изгореници, сончаница и дехидрација се само дел од ризиците од прекумерно изложување на сонце без соодветна заштита. Останувањето под сенка и пиењето многу вода може да помогне, но заштитата од сонце е и соодветниот крем со заштитен фактор, односно СПФ, пишува „Мирор“.

Носењето крем со заштитен фактор е важно за заштита на вашата кожа од штетните УВ-зраци. Изложеноста на УВ-зраци без соодветна заштита од сонце може да резултира со изгореници, топлотен осип, предвремено стареење на кожата и хиперпигментација. Во некои случаи, изложувањето на УВ-зраци го зголемува и ризикот од развој на рак на кожата.

Кога купувате кремови за сончање, секогаш треба да ги купувате со симболот УВА/UVA или УВБ/UVB на нив. Во кругот треба да има ѕвезди, а бројот на ѕвезди ќе ви го каже нивото на заштита. Кремовите за сончање се оценети од една до пет ѕвезди врз основа на нивото на заштита што го нудат, а пет се разбира се највисока заштита.

Што е заштитен фактор?

СПФ укажува на степенот на заштита од штетните зраци кои предизвикуваат изгореници. Специфично ја мери ефикасноста на производот во намалувањето на изгорениците на вашата кожа.

Што се УВА-зраците?

УВА-зраците се штетни зраци кои имаат способност да навлезат длабоко во дермисот, слојот на кожата сместен подлабоко во телото. Овие зраци се постојано присутни во текот на денот, а иако не се веднаш видливи, нивното влијание е значајно – можат да навлезат преку облаци, па дури и низ стакло. Познато е дека УВА-зраците продираат во кожата подлабоко од УВБ-зраците, што доведува до долгорочно оштетување, како што се различни форми на рак на кожата. Тие исто така можат значително да придонесат за процесот на стареење со тоа што предизвикуваат брчки и дамки од сонце.

Што се УВБ-зраците?

УВБ-зраците главно се апсорбираат во епидермисот и горните слоеви на кожата. Овие зраци се одговорни за изгореници и црвенило на кожата. Иако не навлегуваат толку длабоко како УВА-зраците, тие се исто толку штетни. УВБ-зраците значително придонесуваат за развој на рак на кожата, вклучувајќи меланом, а исто така го забрзуваат стареењето на кожата.

Важно е да се забележи дека вооченото ниво на заштита што го обезбедува производот може да измами. На пример, кремот за сончање со низок заштитен фактор може да има повеќе ѕвезди што укажуваат на високо ниво на заштита од УВА. Сепак, тој не е толку прецизен како кремите кои укажале на заштитни фактори од УВА и УВБ-зрачење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот