Контроверзна изјава на Беноа Пер: Гајле ми е за невакцинираните тенисери
Контроверзниот француски тенисер Беноа Пер зборуваше за невакцинираните тенисери и порача дека не го интересира што тие нема да можат да настапат на Австралија Опен кој се игра во јануари идната година.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Французинот кој се наоѓа на 47. место на АТП ранг листата е поразен во првото коло на Мастерсот во Париз, но вели дека со нетрпение го очекува настапот на првиот грен слем идната година.
– Во Мелбурн нема карантин доколку си вакциниран. За тие кои не се вакцинирани гајлме ми е. Доколку не сакаат да играат, тоа е подобро за мене. Мотивиран сум и сакам да имам добра сезона идната година. Доколку има тенисери кои не сакаат да се вакцинираат нека си останат во Европа, тоа не е мој проблем – изјави Пер.
Бранителот на трофејот, Новак Ѓоковиќ, но и победникот на УС Опен, Данил Медведев, сè уште не откриваат дали се вакцинирани или не, и најавија дека конечната одлука за тоа дали ќе настапат во Мелбурн ќе ја донесат откако ќе бидат познати условите за настап. Моментно траат преговори помеѓу федералната влада и владата на сојузната држава Викторија за тоа да се дозволи настап на Австралија Опен и на невакцинирани тенисери и тенисерки под услов да бидат две недели во строг карантин.


