КОНКУРЕНЦИЈА НА УФЦ: Полјаците измислија нов брутален спорт, без ракавици и без ограда (ВИДЕО)

Името на новиот спорт е „Wotore“, а рингот и правилата наликуваат на популарниот филм „Кикбоксер“ во кој главен актер беше Жан-Клод Ван Дам.

Изминатиот викенд во Полска дебитираше нов спорт кој многу брзо би можел да стане екстра популарен, а креаторите на овој спорт се надеваат дека ќе стане сериозна конкуренција на УФЦ.

Станува збор за спорт во кој борците немаат ракавици туку се борат со голи раце, нема заштитна ограда, а исто така нема ни временско ограничување.

Самиот спорт е измислен кон средина на минатата година, кога почнаа да се создаваат правилата во „Wotore“ и да се бараат борци кои се подготвени да настапат во првиот турнир.

Во октомври беше создадена Федерација откако спортската комисија во Полска го прифати „Wotore“ како нов спорт. Првиот турнир се одржа во саботата и тоа во напуштен затвор.

Правилата со новиот спорт за мешани боречки вештини се едноставни, не постојат категории, како ниту рунди, а интересен е и изгледот на рингот. Станува збор за овален ринг чиј дијаметар изнесува девет метри. Победник е борецот кој својот противник ќе го исфрли надвор од рингот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот