Конечно се огласи Томас: Доколку поради Џордан не бев во дрим тимот, тогаш…

Во НБА лигата не е никаква тајна дека Мајкл Џордан не го поднесува Ајзеа Томас и обратно.

Двајцата кошаркари имаа големо ривалство кон крајот на 1980-тите и почетокот на 1990-тите години кога прво Детроит пистонс три години по ред го запираше Чикаго во плејофот, за во 1991 година „биковите“ конечно да слават.

Екипата на Детроит во тоа време беше позната по валканата игра во одбраната, посебно во дуелите против Чикаго и Мајкл Џордан, а во НБА лигата беа познати како „лошите момци“.

Тие дури измислија и „Џорданови правила“ во кои ѕвездата на Чикаго доколку одлучи да оди на положување да биде удрен или жестоко да биде фаулиран.

Чикаго конечно во 1991 година им се кошаркарите на Детроит со триумф од чисти 4:0, и се чини дека таа елиминација тешко им падна на „лошите момци“ и последниот натпревар го напуштија на осум секунди до крајот без му честитаат на противникот. Тој потег Мајкл Џордан никогаш не им го прости, посебно на најдобриот играч на Детроит, Ајзеа Томас.

За време на емитувањето на последните две епизоди од „Последниот танц“ Џордан одби да го погледне објаснувањето на Томас зашто порано го напуштиле теренот.

Медиумите исто така објавија дека Џордан барал Томас да не биде повикан во оригиналниот дрим тим на САД кој настапи на Олимписките игри во Барселона 1992 година.

– Кога ќе се вратам наназад и ќе помислам дека не вев дел од дрим тимот, мислам дека тоа е поради тоа што ме совладаа емоциите, кога не се ракував со некој… Доколку тоа е причината за моето изоставување – тогаш сум повече разочаран сега отколку што бев кога не ме повикаа. Кога ме изоставија од дрим тимот имаше многу контроверзи. Се уште не ја знам вистинската причина зашто одлучија да не сметаат на мене. Знам дека ги исполнував сите критериуми, но тоа е најголемата дамка во мојата кариера – изјави Томас.

Членови на оригиналниот дрим тим кој настапи во Барселона беа Меџик Џонсон, Џон Стоктон, Клајд Дрекслер, Мајкл Џордан, Скоти Пипен, Крис Малин, Лери Бирд, Чарлс Баркли, Карл Мелоун, Дејвид Робинсон, Патрик Јуинг и Кристијан Лејтнер кој беше МВП во НЦАА лигата за 1992 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот