Колку калории трошиме со зимските спортови?

Едвај го чекаме снегот, па дури и ако не скијаме. И санкањето троши куп калории.

Сте се прашале ли некогаш колку калории „топиме“ со фитнес активностите на снег? Ние проверивме за вас.

Иако ви изгледа како забава на снег, санкањето троши дури 362-400 калории на 1 час. Со тоа, санкањето е супер физичка активност не само за децата, туку за сите членови на семејството.

На врвот на зимските активности најпогодни за топ форма се наоѓа нордијското скијање кое „топи“ неверојатни 700 – 800 калории на час, ги активира сите мускули на телото и го зголемува капацитетот на белите дробови.

По него е скијањето кое „топи“ 500-600 калории на 1 час. Сноубордингот пак, „топи“ до 450 калории, а брзото лизгање – до 550 калории.

Лизгањето одлично ги согорува калориите, а кога на тоа ќе додадеме и дуел со противници (хокеј) потрошувањето на калории се издигнува и до 600 на еден час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот