Instagram

Кој вели дека фустаните за деверушите мора да бидат скапи? Мел Би ги купила од продавница за користена облека и тоа на попуст

Пејачката Мелани Браун, попозната како Мел Би од групата „Спајс грлс“, ова лето дури двапати му го кажа судбоносното „да“ на избраникот Рори Мекфи, уживајќи во две раскошни свадби во Лондон и Мароко. И во сè, таа најде начин да заштеди пари – ги облече деверушите во фустани што ги купила на попуст од продавница за половна облека.

Наместо скапи дизајнерски модели, таа избрала пристапни фустани од „секнд хенд“ продавници – поточно, сатенски миди фустани со ефектен изрез, кои ги носеле нејзината 13-годишна ќерка Медисон, сестрата Даниел, внуката Мими и уште шест деверуши.

Фустаните, кои вообичаено се продаваат за околу 33 евра, сега биле на попуст и таа ги платила – само десет евра. Фустаните биле минималистички, но гламурозни по дизајн – од огнено црвени до проѕирни модели со светки, се истакнувале со луксузниот изглед за кој малкумина би ја претпоставиле вистинската цена. Погледнете ги фотографиите ТУКА.

Две венчавки и две венчаници

Кога станува збор за венчаниците на Мел Би, додека во Лондон го кажа судбоносното „да“ во класичен бел фустан, во Маракеш избра сосема поинаков концепт.

Изгледаше прекрасно во црвен фустан без прерамки со монистра и висок шлиц на здолништето, дизајниран од Евели Брајдал и познатиот дизајнер на венчаници Џастин Александар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот