Кој ќе биде следниот Џејмс Бонд: Ѕвездата од „Bridgerton“ прв на обложувалниците
Според коефициентот на обложувалниците, Том Харди повеќе не е првиот фаворит за улогата на Џејмс Бонд. Него го замени Реге Жан Пејџ, ѕвездата од првата сезона на серијата „Bridgerton“ на „Netflix“.
Том Харди повеќе не е фаворит за улогата на Џејмс Бонд, ѕвездата на „Бриџертон“ го зазеде првото место
Откако минатата година франшизата се прости од Даниел Крејг во продолжението на „No Time To Die“, сите се прашуваат кој ќе биде следниот Џејмс Бонд.
Харди често се споменуваше како наследник на култната улога, а ѕвездата од филмот „Venom“ често беше нарекуван и фаворит за да го игра следниот агент 007.
View this post on Instagram
Меѓутоа, сега се чини дека 44-годишниот Харди е заменет со „посвежо“ лице. Според „Ladbrokes“, Реге Жан Пејџ моментално е фаворит за следниот Џејмс Бонд
Младиот актер стекна светска слава во 2020 година откако глумеше во серијата „Bridgerton“, па не е ни чудо што сега се споменува во контекст на преземање на улогата на најпознатиот шпион на светот. 33-годишникот претходно призна дека е „поласкан“ што го разгледуваат како опција, но дека тие гласини не ги сфаќа сериозно.
View this post on Instagram
„Низ годините многумина биле во трка за улогата на Бонд, но Реџ-Жан Пејџ доминира на пазарот веќе некое време, а играчите се чини дека мислат дека тој ќе биде името што ќе го наследи Даниел Крег“, истакна Алекс Апати од „Ladbrokes“.
View this post on Instagram
„Нема да го спомнам тоа. Знаете, во актерското братство има изрека дека ако зборувате за тоа, автоматски испаѓате од трката“, истакна Харди одбивајќи да ги коментира шпекулациите. „Значи, не можам да коментирам за тоа“, додаде тој.
View this post on Instagram
Веднаш подолу на листата е Хенри Кавил, кој моментално е втор фаворит, а на третото место е Ајдан Тарнер.
View this post on Instagram