Седум сериозни болести што можат да ги откријат нозете: Од болни бубрези до црн дроб…
Сите барем еднаш во животот почувствувале болка во нозете и во повеќето случаи се работи за минлива состојба. Но, ако болеста пречесто се појавува и не престанува, важно е да се посоветувате со лекар.
Препорачано
Ова е список на здравствени проблеми кои прво може да ги откриете така што на нозете ќе забележите некои од долунаведените симптоми. Ако мислите дека имате еден од нив, задолжително контактирајте лекар.
Бубрезите не работат добро
Симптоми:
– Отекување на нозете
– Болка
Отокот (едем) што се појавува поради задржување на течности во телото, може да биде знак за лошо функционирање на бубрезите. Отокот околу очите може да биде уште еден симптом на оваа состојба.
Венска инсуфициенција
Симптоми:
– Отекување на нозете
– Тежина во нозете
– Пигментација
Кога се оштетени вените или слабо работат, крвта отежнато тече од срцето до нозете, па предизвикува отекување, особено околу глуждовите. Пигментацијата и тежината во нозете, исто така може да упатуваат на оваа состојба.
Нарушување на работата на срцето
Симптоми:
– Отекување на нозете
– Чувство како некој да ве штипе по нозете
Кога поради ослабена функција на срцето, крвта не „пумпа“ во другите органи како што треба, тоа предизвикува акумулација во екстремитетите и затоа може да се јави чувство на болка во нозете и појава на отоци.
Тромбоза
Симптоми:
– Отекување на нозете
– Зголемена температура во нозете
– Кожата ја менува бојата
– Болка
– Замор
Тромбозата може да биде причина на комбинација на наведените симптоми. Со оглед на тоа дека станува збор за сериозен проблем, секако е важно веднаш да се посети лекар.
Проблеми со црниот дроб
Симптоми:
– Отекување на нозете
– Замор во нозете
Некои од раните симптоми на пропаѓање на црниот дроб може да се забележат на нозете поради лоша циркулација помеѓу црниот дроб, слезината и панкреасот.
Атеросклероза
Симптоми:
– Бледа кожа
– Болка
– Чувствителност во мускулите
Самата болест започнува со оштетување на клетките кои ја покриваат внатрешната површина на артериите поради хемиско или механичко оштетување и може да има фатални последици.Стапалата, поради лошата циркулација, ќе бидат со светла боја и ќе болат.
Дијабетес
Симптоми:
– Многу чувствителна кожа
– Рани кои не сакаат да зараснат
Една од најголемите грижи на заболените од дијабетес се стапалата. Дури и на малите раните во случај на дијабетес им е потребно многу време за да заздрават. Покрај дијабетесот доаѓаат и оштетувањето на нервите, што нема да предизвика болка, но создава можност за развој на чирови.


