Кои се десетте најголеми удирачи во боксот, Тајсон е втор, а големиот Мухамед Али го нема на листата

twitter/Boxing History

Боксерот кој имаше најразорен удар има 76 победи во професионалната кариера, од кои 68 се со нокаут.

Боксот е еден од најстарите олимписки спортови заедно со борењето и неколку атлетски дисциплини, а за прв пат е воведен во Олимписките игри во 688 година пред новата ера.  Тогаш беше во рамки на панкратион, дисциплина која е мешавина на борење и бокс и со право се смета за благородна вештина.

Во модерната ера на Олимпизмот, боксот е еден од најпопуларните спортови, а најголем интерес предизвикувале борбите во тешка категорија и ги има дадено едни од најпопуларните и најдобрите спортисти во историјата.

Британскиот весник „Мирор“ состави листа од топ 10 најдобри удирачи во историјата и на неа се најдоа речиси сите славни имиња, со исклучок на според многумина најголемото, Мохамед Али .

Џорџ Фореман/twitter:Boxing Legends

На првото место изненадувачки се наоѓа Џорџ Фореман кој е аматерски двоен светски шампион како и олимписки шампион од Игрите во Мексико сити 1968 година. Потоа станува професионалец и успева да го нокаутира дотогаш непоразениот Џо Фрејзер и му ја зеде титулата. Неговите силни удари буквално го креваа дотогаш непоразениот Луис од земјата, а во мечот со Мухамед Али му ја скрши вилицата со неговите силни удари

20 години подоцна повторно ја освоијува титулата во тешка категорија и со 46 години и 169 дена сè уште го држи рекордот на најстар шампион.
Во професионалната кариера имаше 76. победи од кои дури 68. ги заврши со нокаут.

На втотото место се наоѓа Мајк Тајсон, а на листата изненадувачки го нема Мохамед Али.

Топ 10 најдобри удирачи во бокс:
1. Џорџ Фореман
2. Мајк Тајсон
3. Ерни Шаверс
4. Џек Џонсон
5. Џек Демпси
6. Џо Луис
7. Роки Марчано
8. Сони Листон
9. Ленокс Луис
10. Деонтеј Вајлдер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот