Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Кои кандидати се победници, а кои губитници по претседателската дебата во Хрватска

Синоќа се одржа дебата на кандидатите за хрватски претседател, а аналитичарите и гледачите главно се согласуваат дека актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ е победник на дебатата. Можеби и не се покажала во најдобро светло, но барем, како што велат аналитичарите, не направила некаков скандал.

Политичкиот аналитичар Ивица Релковиќ смета дека овој тип на дебата најмногу одела во корист на Колинда Грабар Китаровиќ која го брани мандатот. Според него, добитници се помалите кандидати кои можеби ќе добијат „по некој“ процентен поен кој ќе го „украдат“ од Зоран Милановиќ, пишува „Јутарњи лист“.

– Во дебатата со 11 кандидати добитници помалите кандидати, бидејќи за оној кој имал еден осто во анкетите, а добие два отсто од гласовите, ќе се смета дека направил многу. Во таква атмосфера губитници можат да бидат само големите кандидати. Ваков формат ѝ одговара на бранителската позиција на претседателката, бидејќи таа повеќе не може „да паѓа“, а малите можат да им одземат гласови на нејзините конкуренти – вели Релковиќ.

Оценува дека Колинда Грабар Китаровиќ коректно ја одработила дебатата, и дека тешко може да се најдат некои гафови кои често ги изговарала оваа недела. Додава дека Милановиќ се обидувал да се одбрани од малите кандидати со одредено држење, и тоа го направил прилично солидно.

Од друга страна, кандидатот Мирослав Шкоро бил најголемо разорачување за Релковиќ.

– Кандидатот кој во последните 10 дена живееше во еуфорија на налет, Шкоро, како да беше индиспониран и неподготвен за дебатата, дури ни за сопствената завршна минута на обраќање, каде можеше да поентира, а тој се бавеше со преудицирање на крадење на гласови – смета Релковиќ.

Од помалите кандидати, Релковиќ го апострофира настапот на Дариo Јуричан, режисер и политички активист, кој бил интересен во почетокот на дебатата, но потоа не. Смета дека Дејан Ковач бил најслаб кандидат, а за Мислав Колакушиќ вели дека се откажал од дебата и немал потреба дури да одговара на прашањата.

За политичкиот аналитичар Жарко Пуховски синоќешното соочување на сите 11 кандидати не било возбудливо, а камоли интригантно.

– Важно е тоа што не се случи, а тоа е дека претседателката Колинда Грабар Китаровиќ не направи скандал. Сведочевме на некои изразено лоши настапи, а најслаби беа Недељко Бабиќ, Дејан Ковач и Мирослав Шкоро. Технички гледано најдобар настап имаше Иван Пернар бидејќи на секоја тема имаше што да каже, како и да реплицира неколку пати. Уверлив беше и Дарио Јуричан, но тој го промаши натпреварот. Сите останати претседателски кандидати останаа бледи и просечни. Но, и прашањата кои водителите на ХРТ им ги поставуваа на кандидатите беа составени многу аматерски. Ниту едно не беше изненадувачко, промислено и длабоко – смета Пуховски.

Семета дека од синоќешниот ТВ-дуел профитирале само Пернар и Јуричан, а дека Шкоро е најголем губитник.

– Колинда Грабар-Китаровиќ успеа со самото тоа што не се посрамоти, а Зоран Милановиќ главно успеа да го контролира својот карактер. Шкоро делуваше зачудувачки исплашено и закочено со оглед на тоа дека професионално се бави со пеење и дека е изведувач со големо искуство на јавни настапи – вели Пуховски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот