Фото: EPA/David Guzman

Коболи го освои Акапулко за најдобар пласман во кариерата

Италијанскиот тенисер Флавио Коболи го освои турнирот АТП 500 во Акапулко, Мексико. Коболи, кој до турнирот беше 20. светски рекет, го победи Американецот Франсес Тијафо, 28. на АТП листата, со 2:0 во сетови во финалето.

Првиот сет заврши по тај-брејк кој го доби Италијанецот со 7:4, вториот сет го доби со 6:4, а мечот траеше два часа и 11 минути.

Во првиот сет немаше брејк. Коболи пропушти шанси да направи брејк на својот ривал во воведниот дел, а потоа во тај-брејкот имаше повеќе сила и концентрација за да поведе во сетови.

Во вториот сет, Италијанецот направи брејк во шестиот гем и водеше со 4:2. Тијафо, сепак, не се предаде и израмни на 4:4, но потоа повторно изгуби сервис и тоа беше крајот на сите дилеми околу победникот.

Од понеделник, Коболи ќе биде 15. играч на АТП листата, што ќе биде неговиот најдобар пласман во кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот