Книгата која подигна прашина за кралското семејство ја режирале Меган и Хари?
На скандалите во британското кралско семејство им нема крај…
Препорачано
Книгата под називот „Finding freedom“ која на виделина изнесе бројни пикантерии од најпопуларното кралско семејство, како и детали од кавги и судири кои го заинтригираа светот, кај некои предизвика сомнеж.
Имено, авторите за потребите на книгата разговарале со бројни блиски пријатели на принцот Хари и Меган Маркл, но не и со самите актери кои се во фокусот на оваа книга.
Пени Џуниор, британскиот писател и автор на една од претходно објавените книги за принцот Хари, тврди дека најверојатно станува збор за тоа дека војводите од Сасекс преку посредник сакале потајно да ја раскажат својата страна од приказната.

Тој исто така наведе дека е многу чудно тоа што Меган и Хари не избувнале веднаш, како по обичај, и не ја негирале остро книгата и сето она што се споменува во неа.
Исто така, увидот во некои од најинтимните детали од односите во британското кралско семејство открива дека изворите биле многу добро упатени во сите случувања постојано. Како што претпоставува, станува збор за многу доверливи извори кои навистина знаат што зборуваат.
Тој наведува дека ситните детали кои се прераскажуваат од судирите во кралското семејство, го наведуваат да помисли дека токму Меган и Хари ја раскажале лично својата страна на видување на нештата.


