КК Работнички не води преговори со потенцијален нов сопственик!

фото: МКФ

Денеска од кошаркарскиот клуб на Работнички известуваат дека не се водат преговори за менување на сопственичката структура.

По повод објавени информации во јавноста дека се започнати разговори за нов сопственик на клубот, веднаш стигна демант:

– Почитувани, во врска со написите на некои портали дека КК Работнички ја менува сопственичката структура, сакаме да ја информираме спортската јавност дека до моментов КК Работнички нема започнато сериозни преговори со потенцијален нов сопственик на клубот.

Доколку постојат иницијативи и предлози за нов сопственик кој ќе ја подобри состојбата и резултатите на нашиот клуб сериозни ќе ги разгледаме и за се ќе ве информираме – информираат од КК Работнички.

Сезонава КК Работнички го чека дебито во АБА2 лигата, но и натаму нема информации кога официјално би започнало натпреварувањето.

КФСМ одлучи сезоната да започне на 31. октомври

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот