КФСМ одлучи сезоната да започне на 31. октомври

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) и нејзиниот претседател Перо Антиќ, денеска пресекоа и одлучија сезоната во првата лига да започне идниот викенд, односно на 31. октомври.

Стартот на новата сезона досега два пати беше одложуван поради позитивни кошаркари на коронавирус, по што гласот го кренаа и здружението на прволигаши и асоцијацијата на прфесионални кошаркари кои побараа од КФСМ сезоната што побрзо да започне.

Денеска КФСМ одлучи сезоната да стартува на 31. октомври и сите кошаркари и екипите ќе мора да ги почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести.

„ Раководејќи се според актуелниот здравствен и безбедносен билтен кај клубовите од Прва лига-мажи, и имајќи го во предвид фактот дека екипите кај кои беа забележани позитивни тестирања од ковид-19 не можеа да го реализираат во целост тренажниот процес пред 21. октомври, раководството на федерацијата одлучи првото коло од новата натпреварувачка сезона 2020/2021 да се одигра на 31. октомври. Во таа насока, секој учесник во натпреварувањето пред почетокот на натпреварувањето е должен да потпише изјава-согласност со која ќе потврди дека ќе ги почитува општите мерки за превенција и заштита од ковид-19 кои важат во делокругот на кошаркарскиот спорт, како и дека ќе ги почитува најавените протоколи за превенција и заштита од ковид-19, од страна на надлежните државни органи и од страна на федерацијата. Вклучително и посебните мерки за превенција и заштита од Ковид-19 наложени од организаторот на натпреварувањата во рамките на федерацијата.
Федерацијата секојдневно ќе ја следи состојбата во нашата држава од здравствен аспект и во консултации со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, по потреба ќе бидат донесени и дополнителни одлуки за почеток и реализација на понатамошниот тек на натпреварувањето“, соопшти КФСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот