Кјелини: Ова беше долго патешествие, Јувентус и репрезентацијата ги оставам во вистински раце

Џорџо Кјелини 17 го носи дресот на Јувентус/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Легендарниот дефанзивец на Јувентус, Џорџо Кјелини, вчера се прости од навивачите на „старата дама“ и тоа на натпреварот од претпоседното 37. коло во Серија А против Лацио.

Кјелини кој 17 години го носеше „црно-белиот“ дрес, симболично беше изваден од игра токму во 17. минута и доби бурни овации од навивачите на Јувентус.

Но, заминувањето од Јувентус не значи крај на кариерата за Кјелини, туку легендарниот дефанзивец најави заминување преку барата и настап во МЛС лигата.

– Чувствувам дека ми е потребно ново искуство, нова култура. Свесен сум дека морам да се соочам со многу важна одлука која ќе ја донесам заедно со семејството – изјави Кјелини.

Големо влијание на одлуката на Кјелини да ја напушти Серија А има и болната елиминација на „Аѕурите“од Македонија во полуфиналето во бараж натпреварот за пласман на СП 2022 година во Катар.

Доколку Италија обезбедеше пласман на Мундијалот во Катар, тогаш дефинитивно Кјелини ќе настапуваше во Серија А, но сега на залезот на крајот од кариерата сака нов предизвик.

– Елиминацијата во баражот за СП ја забрза целата работа. Планот ми беше тука да ги дочекам крајот на годината и Мундијалот во Катар. Можам да кажам дека репрезентацијата и Јувентус ги оставам во вистински раце. Ова беше долго патешествие кое го започнав кога влегов како замена за Павел Недвед во натпреварот против Месина и уживав низ сиве овие години – додаде Кјелини.

Џорџо Кјелини со Јувентус освои девет титули во Серија А, а има и пет триумфи во Купот на Италија и во италијанскиот Суперкуп, а остана во Торино кога „старата дама“ беше казнета со настап во Серија Б. Со репрезентацијата на Италија, минатата година триумфира на Европското првенство.

 

ВИДЕО: Овации за Кјелини кој го имаше последниот настап за Јувентус во Торино

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот