ВИДЕО: Овации за Кјелини кој го имаше последниот настап за Јувентус во Торино

Вкупно 17 години Џорџо Кјелини го носеше дресот на „Старата дама“/Торино, Италија/16 мај 2022/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Јувентус на својот стадион го пречека Лацио во претпоследното 37 коло во италијанската Серија А.

„Старата дама“ одлично го започна натпреварот, поведе преку Душан Влаховиќ во 10 минута, а само седум минути подоцна целото шоу го украде друг фудбалер, а тоа е Џорџо Кјелини (37).

Кјелини помина 17 минути во игра, кога тренерот Масимилијано Алегри реши да го извади од игра, по што славниот дефанзивец добие аплаузи од целиот стадион во Торино.

Си заминува од Јуве по 17 години, па толку време помина во игра. Тој ја предаде капитенската лента на Пауло Дибала, уште еден играч кој пред домашната публика го игра последниот меч за Јуве против Лацио.

Со клубот освои девет титули во Серија А, по пет во Купот и Суперкупот на Италија, и беше двапати финалист во Лигата на шампионите.

Кјелини пристигна во Јувентус во 2004 година, една сезона помина на позајмица во Фиорентина, пред да се врати и да стане жива легенда на „црно-белиот“ клуб од Торино.

Според медиумите од Италија, негов следен клуб би можел да биде Лос Анџелес од американската МЛС лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот