Кинезите ќе фрлат неверојатни 900 милиони за изградба на Арена за видео игри

epa07986045 A general view during the Final of League of Legends esport tournament between Team G2 Esports against Team FunPlus Phoenix in Accor Hotel Arena in Paris, France, 10 November 2019. EPA-EFE/Julien de Rosa

Салата која ќе биде наменета за гејмерите во наредните три години ќе се гради во Шангај.

За сите кои мислат дека Еспортот не е „вистински“ спорт или во него не се вртат големи пари, веста која доаѓа од Кина го потврдува спротивното. Градоначалникот на Шангај објави дека наскоро ќе започне изградба на Арена во која ќе се одржуваат само е-спорт натпреварувања, а изградбата ќе чини неверојатни 898 милиони долари, пренесе CNBC.

Шангај изминатата есен беше домаќин на финалето на „League of Legends“ и за многумина, овој кинески град е главниот град на е-спортот во светот. Финалето на „League of Legends“ и оваа година ќе се одржи во Шангај.

E-спортот продолжува да расте брзо и се проценува дека генерирал 1,1 милијарда долари во 2020 година на глобално ниво, според проценката на фирмата за истражување на пазарот на игри. Кина е најголемиот пазар за е-спортови во светот, според Newzoo.

Во меѓувреме, 70% од кинеските 720 милиони гејмери ​​играат е-спортови, според друга истражувачка фирма Нико Партнерс. Значи, пазарот има голем потенцијал.

Новата Арена ќе биде изградена на 500.000 квадратни метри и ќе има капацитет од 6.000 места, а во неа ќе биде изграден и хотел кој ќе биде наменет за натпреварувачите.

Изградбата на Арената ќе биде завршена 2023 година, а свеченото отворање е предвидено да биде во 2024 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот