Кина ќе одвои дополнителни 30 милиони долари за СЗО

Пекинг ги обвини САД за „поткопување на меѓународната соработка во борбата против Ковид-19″, по одлуката да го стопираат финансирањето на СЗО.

Кинеските власти денеска соопштија дека ќе издвојат дополнителни 30 милиони американски долари за Светската здравствена организација, пари кои исклучиво ќе се трошат за превенција и контрола на Ковид – 19 како и за да се помогне во развојот на здравствените системи во помалку развиените земји.

САД го прекинаа финансирањето на СЗО, обвинувајќи ја организацијата дека не реагирала соодветно на заканата од новиот коронавирус и дека е под силно влијание на Кина, иако добиле најголема сума пари од САД.

По ваквата одлука на администрацијата на Трамп, Пекинг ги обвини САД за „поткопување на меѓународната соработка во борбата против Ковид-19″ и го повика Вашингтон сериозно да ги сфати своите обврски и одговорности”.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот