Путин и Ким / Фото EPA-EFE/GAVRIIL GRIGOROV / SPUTNIK / KREMLIN

Ким му пиша писмо на Путин: Северна Кореја секогаш ќе стои зад Русија

Во писмото, Ким потенцира дека Пјонгјанг и Москва денес имаат блиска соработка, насочена кон заштита на сопствениот суверенитет.

Северна Кореја јавно ја зацврстува својата позиција покрај Москва. Лидерот Ким Џонг Ун, во писмо испратено до рускиот претседател Владимир Путин, порача дека поддршката кон Русија останува цврста и безрезервна, јавуваат севернокорејските медиуми, пренесе „Ал-Aвсат“.

Во пораката, Ким му се заблагодарил на Путин за честитките по неговото повторно избирање на чело на државата.

„Изразувам искрена благодарност за вашите топли и срдечни честитки за моето повторно преземање на тешките одговорности на шеф на државата“, наведува Ким.

Тој повторно беше избран за претседател од законодавното тело на Северна Кореја во неделата.

Ким Џонг Ун е реизбран за претседател на Северна Кореја

Во писмото, Ким потенцира дека Пјонгјанг и Москва денес имаат блиска соработка, насочена кон заштита на сопствениот суверенитет.

Тој нагласил дека Северна Кореја ќе продолжи да стои зад Русија, оценувајќи дека таквата позиција е „нивни избор и непоколеблива волја“.

Односите меѓу двете земји значително се продлабочија по почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година. Во тој период, Пјонгјанг испрати војници и оружени системи како поддршка за руската страна, а во 2024 година беше потпишан и договор за меѓусебна одбрана.

За возврат, Северна Кореја добива финансиска помош, храна, енергија и пристап до воена технологија.

Во меѓувреме, уште еден руски сојузник, белорускиот претседател Александар Лукашенко, денеска пристигна во дводневна посета на Северна Кореја.

Северна Кореја лансираше десетина балистички ракети кон Јапонско Море

Белорусија и Северна Кореја преку договор за пријателство до ново стратешко зближување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот