Александар Лукашенко/ Фото: Igor Kovalenko/EPA-EFE

Белорусија и Северна Кореја преку договор за пријателство до ново стратешко зближување

Белорусија и Северна Кореја планираат да потпишат договор за пријателство за време на посетата на белорускиот претседател Александар Лукашенко на Пјонгјанг, изјави за новинарите министерот за надворешни работи на источноевропската земја, Максим Риженков.

„Нашиот најголем интерес во Северна Кореја е да ги зајакнеме нашите односи на вистинско пријателство и партнерство. Имаме пријатели тука кои нè чекаат, исто како што ги чекаме ние дома во Белорусија. Дојде време да ги унапредиме односите. Постојат голем број области од интерес и за Белорусија и за Северна Кореја. Сите тие се одразени во договорот за пријателство што ќе го потпишат лидерите на нашите земји. Врз основа на овој договор ќе ги зајакнеме врските меѓу министерствата и владините агенции“, објави БелТА.

Според висок белоруски дипломат, се очекува страните да потпишат околу десетина договори за време на посетата на Лукашенко.

„Сегашната ситуација едноставно нè турка еден во друг во прегратка. Бараме пријатели. Иако се во далечна земја, нашите пријатели се лојални, сигурни и почитувани – изјавил дипломатот.

Лукашенко пристигна во Пјонгјанг во среда на дводневна државна посета. Прес-службата на белорускиот претседател соопшти дека неговите разговори со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе бидат главниот настан на посетата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот