Кикбоксерот Стојчевски со два сребрени медали на „Балкан Опен 2021“ во Тешањ
Македонските кикбоксери се закитија со вкупно седум медали на меѓународниот турнир „Балкан Опен 2021“ кој се одржа во Тешањ, Босна и Херцеговина.
Препорачано
Помеѓу освојувачите на медали беше и Павел Стојчевски од Делчево кој успеа двапати да освои сребро.
Со оглед на тоа што конкуренцијата беше силна, задоволен од ваквиот настап и резултат на Павел е неговиот тренер Љупчо Стојчевски.
– Медалите се одлично достигнување, доколку се има предвид дека на турнирот учествуваа 61 тим со 350 борци од вкупно 11 земји. Како претставник на Кик боксинг клубот АС, Павел настапи во дисциплините поинт-фајт за постари кадети до 52 килограми и лајт-контакт во истата дисциплина, во кoја го освои второто место и сребрениот медал – вели Стојчевски.
Младиот натпреварувач се бореше и во дисциплината поинт-фајт до 57 килограми, натпревар на кој беше во Топ 5 најдобри.
Нашата земја на овој турнир настапи со вкупно седум натпреварувачи од три клубови, а на натпреварувањето покрај тренер, Стојчевски ја имаше и улогата на меѓународен судија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7час
-
8час
-
10час
-
11час
-
11час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


