Ќерката на Масимо Савиќ направи тетоважа која ја посвети на земјотресот во Загреб

Instagram
Фото: Принтскрин - Инстаграм

Мирна Савиќ, радио водителка и ќерка на славниот пејач Масимо Савиќ, направи тетоважа посветена на земјотресот што го погоди Загреб во март годинава.

Мирна на својот инстаграм – профил објави фотографија со тетоважа на нејзината рака, посветена на земјотресот што пролетва уништи делови од хрватската престолнина.

Instagram
Instagram

Во врска со земјотресот што повторно ја погоди нејзината земја, Мирна го напиша следниов коментар под оваа фотографија:

„Планот беше испуканиот Загреб на мојата рака да згасне како сеќавањата на пролетта, но се чини дека оваа година ништо не оди според планот. Лесно можеме тие четири да ги претвориме во осум, ха“, напиша водителката алудирајќи на вчерашниот земјотрес кој повторно го потресе Загреб, како и околните градови.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот