Кери откри зошто ја нема Саманта во новата сезона на „Сексот и градот“

Кери и Саманта / Фото: Profimedia

Најавата дека серијата „Сексот и градот“ се враќа со уште една сезона предизвика возбуда меѓу обожавателите, но и разочара многумина бидејќи во новите епизоди нема да се појави еден од омилените ликови – Саманта Џонс.

Сара Џесика Паркер го објави тизерот на својот Инстаграм профил, а бројни фанови во коментарите пишуваа дека серијата нема да биде иста без Ким Катрал, која го толкуваше ликот на Саманта.

ВИДЕО: Објавен првиот тизер трејлер за новата сезона од серијата „Сексот и градот“

Одговарајќи на коментарите , Сара изјави дека постои едноставна причина за отсутноста на Ким – таа „не е потребна“ за новата сезона.

Со оглед на тоа дека уште од претходно постојат гласините дека Сара и Ким не се согласуваат, многумина мислат дека токму тоа е причината што Ким ќе ја нема во новата сезона.

„Драго ми е што се враќате, но ќе ми недостасува Ким, односно Саманта“, напиша еден обожавател.

Сара на тоа одговори: „И на нас ќе ни недостасува. Толку ја сакавме“.

„Секогаш ќе биде тука. И ние сме толку возбудени“, напиша Сара одговарајќи на уште еден коментар.

Фото: Профимедиа

Кога ја прашаа дали нивната кавга е причината Ким Катрал да не се појави во новата сезона, Сара одговори:

„Не. Не е вистина дека не ја сакам. Никогаш не сум го кажала тоа. Саманта не е дел од оваа приказна. Но таа секогаш ќе биде дел од нас. Без оглед на тоа каде сме и што правиме“, одговори Сара.

Новата сезона ќе ја претстави приказната на Кери, Миранда и Шарлот во нивните 50-ти години.

Снимањето ќе почне во Њујорк на крајот на пролетта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот