Медицински лица во Словенија / Фото: Архива

Ќе бидат потребни неколку години за колективен имунитет во Словенија

Неколку години ќе бидат потребни за да се создаде колективен имунитет на коронавирусот во Словенија. Тоа го изјави денеска Алеш Розман, директор на клиниката Голник, една од четирите болници во Словенија што примаат заразени со Ковид-19.

Плоштад Прешерен, Љубњана, Словенија / 16 март 2020 / Фото:  EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

– Ќе бидат потребни неколку години со цел да се создаде колективен имунитет за сите со ова темпо, рече докторот.

Говорејќи на прес-конференција, докторот истакна дека Словенија може да се смета за една од најуспешните држави во борбата против вирусот, но дека по епидемијата би било неопходно да се одржи социјалната дистанца и да се откаже од честото дружење на кафе, затоа што ќе трае долго додека целото население не стекне имунитет.

Според податоците на Министерството за здравство на Словенија, изминатото деноноќие се направи нови 1.232 тестирања, со кои се потврдени 28 случаи на новозаразени со коронавирусот. Ова претставува намалување на бројот на инфицирани во споредба со минатите денови.

Во овој момент поради Ковид-19 хоспитализирани се 94 лица, а на одделенијата за интензивно лекување се наоѓаат 37 пациенти.

Во изминатите 24 часа, од болница се отпуштени 11 пациенти, а пет починале како последица од Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот