Карти со другарите, цигара во рака: Играч на Јунајтед го прекрши правилото за карантин (ВИДЕО)

фото: твитер

Маркос Рохо уште еднаш го привлече вниманието на јавноста со погрешен потег…

Моментно аргентинскиот интернационалец е на позајмица во Естудијантес, дефанзивецот на Манчестер јунајтед е фатен како ги крши правилата воведени заради коронавирусот.

Поточно, на социјалните мрежи се појави видео (објавено од неговиот брат на Инстаграм) на кое се гледа како Маркос Рохо игра карти со своите пријатели и воедно пуши цигара. Така уште еднаш го привлече вниманието на јавноста со погрешен потег..

На тој начин играчот на „црвените ѓаволи“ прекршил голем број на правила кои ги донесе претседателот на Аргентина а потсетување дека Рохо пред неколку дена беше забележан за кршење на истите правила.

Интересно е тоа што тогаш имаше маица на Бока Јуниорс што ги налути навивачите на Естудијантес кои веќе бараат да се врати во Манчестер, но сигурно после најновиот случај веќе свој коментар имаат и од „Олд Трафорд“.

30-годишниот Рохо со премиерлигашот успеа по еднаш да ги освои ФА купот, Лига купот, ФА Комјунити Шилд и Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот