фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Карлос Алкараз го откажа настапот на „Австралија опен“

Карлос Алкараз, моментно најдобриот тенисер во светот, нема да игра на „Австралија опен“ поради повреда на десната нога.

Шпанскиот тенисер на социјалните мрежи објави дека нема да игра во Мелбурн и ќе го пропушти првиот Грен слем сезонава откако се повреди на тренинг.

– Работев напорно за да бидам на најдоброто ниво за Австралија, но за жал нема да можам да играм на Кујонг, а потоа и на Австралија Опен. Тешко е, но морам да бидам оптимист, да се опоравам и да гледам напред. Се гледаме во 2024 година на Австралија Опен – објави Алкараз.

Неговото повлекување автоматски значи дека улогата на прв носител во Мелбурн ќе ја има бранителот на титулата, Рафаел Надал (Шпанија).

Отвореното првенство на Австралија е на програмата од 16 до 30 јануари 2023 година, а на него по пауза од една година ќе настапи и Новак Ѓоковиќ (Србија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот