Карим Абдул-Џабар: Доколку кошаркар не се вакцинира, треба да се отстрани од тимот

Карим Абдул-Џабар го нервира лицемерието и непромисленоста на играчите кон медицинските лица/Фото: EPA/TANNEN MAURY

Една од најголемите приказни во НБА во последните месеци е пандемијата на коронавирусот и вакцинацијата за борба против коронавирусот. Голем број играчи истакнаа дека нема да бидат вакцинирани и на тоа реагираше легендата на НБА лигата.

Карим Абдул-Џабар, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, во интервјуто за „Ролинг Стоун“ жестоко ги критикуваше сите кошаркари кои одбија да се вакцинираат.

– НБА лигата треба да инсистира сите играчи и вработени да бидат вакцинирани. Оние кои не сакаат да го сторат тоа мора да бидат отстранети од тимот. Не смее да има простор во соблекувалната за играчи кои се подготвени да го ризикуваат здравјето и животот на нивните соиграчи, луѓето во клубот и навивачите само затоа што не разбираат колку е сериозна ситуацијата.

Ме нервира лицемерието и непромисленоста на овие играчи кон имунолозите и другите медицински професионалци. Доколку нивното дете е болно или има потреба од итна медицинска помош, колку мислите дека треба да го направи она што го велат експертите?

Оние што се противат на вакцинацијата, директно придонесуваат за пораст на смртноста од последиците од ковид-19. Многу сум загрижен за оваа состојба. Имаме многу будали кои не можат да ги разгледаат проверените научни докази и сами да дојдат до заклучок – вели Абдул-Џабар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот