Кардиохирург објави пет навики што докажано го скратуваат животот – алкохолот не е на листата
Кaрдиохирургот д-р Џереми Лондон, кој е сертифициран по општа, васкуларна и торакална хирургија, открил пет навики што треба да ги избегнуваме ако сакаме да го забавиме стареењето и да го продолжиме животот. Интересно е што неговата листа не се наоѓа алкохолот, туку пушењето и „вејпингот“, седечкиот начин на живот, дебелината, хроничниот стрес и лошиот сон, пренесува британски „Мирор“.
Препорачано
Д-р Лондон, кој често ги споделува своите совети на социјалните мрежи, објасни кои навики докажано го забрзуваат стареењето.
– Првото нешто е мошне очигледно: пушењето. Тоа негативно влијае на речиси секој органски систем во телото, па дури и мали количини цигари го скратуваат животот. Второто е седечкиот начин на живот. Дури и ако редовно вежбате, седењето на работа од шест до осум часа на ден влијае на метаболизмот на гликозата и митохондријалната функција. Нашите тела се дизајнирани да се движат – рекол кардиохирургот.
Опасноста од висцерални масти и стрес
Д-р Лондон ја ставил дебелината на третото место на својата листа, со важно појаснување.
– И не зборувам само за бројот на вагата, туку за распределбата на маснотиите, особено абдоминалните или висцералните маснотии. Тоа е познат предизвикувач на хронични болести – нагласил тој.
Потоа го навел хроничниот стрес.
– Зборувам за стрес на високо ниво: губење на работа, сериозна болест на близок, финансиски грижи или проблеми во врската – сè што не исчезнува само така. Високите и постојани нивоа на кортизол и други стрес хормони имаат негативно влијание врз целокупното здравје – рекол д-р Лондон.
Основата на здравјето е квалитетниот сон
Како последна клучна точка, д-р Лондон го истакнал лошиот сон.
– Сонот е апсолутна основа на сè. Додека спиеме, телото закрепнува и се обновува. Ако овој процес не е правилен, ризикот од разни болести се зголемува – објаснил тој.
Кардиологот заклучил дека стареењето е неизбежно, но начинот на кој старееме зависи од нашите одлуки.
– Сите ќе остариме, тоа е неизбежно. Но, како старееме е наш избор – рекол тој.
А што е со алкохолот?
Иако алкохолот не се наоѓа на оваа листа, д-р Лондон целосно го исфрлил од својот живот во 2021 година. Тој тврди дека тоа го прави да се чувствува многу подобро и дека тоа е една од најважните одлуки што ги донел.
– Алкохолот е токсичен за секоја клетка во телото. Верувам дека алкохолот ќе стане она што некогаш беше пушењето цигари – заклучил кардиологот.


